ЖОЛТА боја - вистински избор за пролетно реновирање на вашиот дом
Оваа јака, сончево жолта боја е весела и освежувачка, и е вистински избор за пролетно реновирање на вашиот дом. Како јака и основна боја може да се користи во детската соба или во или во било која просторија за забава. Палетата на бои која ги вклучува боите на сладоледот и сината боја е палета која ги спротиставува студените и топлите тонови. Комбинирање во ентериерот Изберете ја бојата на сладолед од ванила за дрвените елементи и за еден ѕид за потенцирање, доколку не сакате жолтата боја да доминира во домот. |
Бојата на малина е фантастична боја за пластични површини како столчиња или футеља на дување за во детска соба. Но оваа боја исто така има и голем интезитет и треба внимателно да се користи за да не го оптеретува видното поле на тој што ќе престојува во просторот. Секое парче кое е тапацирано треба лесно да може да се исчисти бидејки во детска соба или во собата за забава поминуваат повеќе луѓе. Затоа обрнете посебно внимание при избор на тапациран мебел, и одлучете се за штофови кои лесно се чистат. Сината боја во повеќе нијанси е одличен партнер на жолтата боја. Користете ја за декорација на преничиња, завеси или пак дрвени кутии за чување на играчки. Таа овозможува смирување на веќе разиграната сцена и се постигнува идеален баланц каде што се среќаваат смелото и смиреното расположение. |
Вака уредена соба претсавува задоволство на секое дете кое ќе му се овозможи да се развива креативно и да се изразува соодветно за своите години преку распознавање на своите емоции, бидејки на боите во просторот што не опкружуваат не инспирираат, ни влиаат на нажето расположение и затоа добро е да се искориста во наша полза. |
Доколку сепак решите жолтата боја да ја употребите во дневната соба, тогаш најлесно се комбинира со сите тонови на сивата боја , но внимавајте тоновте на сивата боја да бидат од ладната палета. Жолтата боја е и повеќе од доволно за да се внесе топлина во домот бидејќи сепак таа е бојата на сонцето. Неа користете ја во деталите, како декоративни елементи, перници, вазни, килими, а сивата боја користете ја на поголемите површини како софа, тапацирани столици, фотељи, ѕидови... Доколку сакате да пристапите со посмел дизајн на вашиот простор , дозволено е жолтата боја да се појави и на неколку парчиња мебел како дел од комода, детали на клуб маса но да се внимава да не надмине процентуална застапеност повеќе од триесет проценти во секој простор, бидејќи лесно се поминува линијата на интезитетот на една боја пријатна за човековата перцепција. Доколку сепак сакате за да ја задржите безбедната граница на комбинирање со жолтата боја пазарете декоративни елементи во сите нијанси нажолта кои секако по неколку години би можеле полесно да ги замените со нови. |
Секогаш обрнувајте внимание на завесите во вашиот простор, бидејќи преку нив ви влегува главниот извор на светлина, и држете се за неутрелни топли тонови на завесата за да се задржат сите бои во просторот во нивниот природен тоналитет. |