За Instahome

Придружи се на ИНСТАХОМ за твојот следен проект за внатрешно уредување!

Главната цел на Instahome.team е да го претстави целиот пазар за внатрешно уредување (од дизајнирање на просторот до нарачка на производите ) на екраните на крајните корисници. Instahome.team е онлајн платформа за внатрешно уредување на домот со вградени софтверски решенија за професионално спроведување на проекти за внатрешен дизајн според омилениот стил на корисникот. Во суштина, Instahome.team е онлајн платформа која ги спојува сите ентузиасти за уредување на својот дом со сите призводители и продавачи на сите потребни елементи за успешно и брзо реализитрање на проектот за уредување или реновирање. Покрај можноста за самостојно дизајнирање на својот простор, онлајн преглед на сите достапни производи на домашниот пазар, Instahome.team нуди и можност за онлајн нарачка на сите производи од креираниот проект и нивна достава до врата.

Дополнително, Instahome нуди и други услуги за сите корисници на оваа платформа, како понуда на уникатни дизајнерски парчиња мебел и декор, обезбедување на помош при селење, осигурување на домот и поставување на безбедносни системи, достапност до хаусмајтори, хигиеничари или контрола на штетници во домот.

Секој кој е застанат пред предизвикот за уредување на својот дом, со Instahome ќе може:

  • Да добие инспирација за дизајнерско уредување на својот дом или канцеларија
  • Да го одбере посакуваниот стил на уредување за својот простор од домот или канцеларија и да добие бесплатни предходно дефинирани професионални решенија од архитекти за внатрешно уредување
  • Следејќи ги предлозите и советите, да го дизајнира својот простор со избор на мебел и декор по своја желба, со можност на визуелизација на своите идеи и својата креативност
  • Проектот што е составен да биде целосно реален, бидејќи корисникот на платформата добива онлајн пристап до широка понуда на производи за внатрешно уредување од целата држава
  • Да има достапност до информациите за сите нови и иновативни производи низ продавниците во Македонија
  • Да ги нарача онлајн сите потребни производи за својот проект (од под до уметнички слики), и да добие достава на истите до својата врата
  • Да има целосен увид во вкупните трошоци за својот проект за внатрешно уредување
  • Со еден клик да има достапност до сите производи за уредување на акција кои во моментот се нудат на пазарот во Македонија, како и можност со еден клик целосно да го уреди својот дом со акциски цени.

Дополнително:

  • Online платформата на Instahome ги штеди вашето време и средства за директна посета на сите салони со производи за внатрешно уредување низ целата држава.
  • Дава сеопфатна понуда на производи и креативен начин на дизајнирање и избор
  • Дополнителна можност за ангажирање на архитект кој целосно ќе го води вашиот проект.

https://instahome.team/external/ckfinder/userfiles/files/presentation.mp4