Правила и услови

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА ОНЛАЈН НАРАЧКИ

Наведените услови за онлајн нарачување се применливи исклучиво за корисниците на Инстахом платформата. Ве замолуваме да ги прочитате внимателно.

Од Вас ќе биде побарано да дадете согласност дека сте се согласиле со наведените услови за онлајн нарачување пред да ја финализирате Вашата нарачка на производи од нашата платформа.

Со самото извршување на нарачка на производи од нашата веб платформа, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со нашите услови за онлајн процесирање на нарачките.

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ НА НАРАЧКАТА

За да можете да го извршите процесот на нарачка на нашата платформа, неопходно е да бидете регистрирани на истата. Вашата регистрација ќе може да ја направите со е-маил регистрација, фејсбук или гугл регистрација.

- Како да ја корисите платформата на Инстахом за дизајнирање на вашиот простор

1. Посетете ја платфомата на www.instahome.team

2. Одберете ја Вашата држава

3. Одберете го полето “дизајнирај”

4. Одберете просторија која сакате да ја дизајнирате

5. Одберете го посакуваниот стил на внатрешно уредување и ќе добиете професионален предлог дизајн

6. Со клик на означената "кошничка" насекој од производите од дадениот предлог добивате преглед на сите производи од тој тип и од тој стил на уредување понудени на одбраниот пазар

7. Со избор на посакуваните производи креирате свој уникатен проект за внатрешен дизајн кој е и визуелно генериран

8. Дополнително на тоа можете да направите промена на бојата на зидовите, подот или пак да одберете врати и прозори кои одговараат на креираниот дизајн

9. Одкакао ќе го дефинирате дизајнот, можете да го сочувате на вашиот профил на Инстахом, кој можете лесно да го креирате со внес на вашите основни податоци

10. Одбраните производи од проектот се зачувуваат во вашата кошничка, каде имате преглед на вкупните трошоци за вашиот дизајниран простор

11. Со еден клик можете да направите онлајн нарачка на сите одбрани производи од вашата кошничка, по што во рок од 48 часа секој производител/салон директно ќе Ве исконтактираат за потврдување на сите детали околу начинот на плаќање и начинот на достава.

 

- - Како да ја користите платформата на Инстахом за онлајн нарачки/strong>

1. Посетете ја платфомата на www.instahome.team

2. Одберете ја Вашата држава

3. Одберете го полето “нарачај онлајн”

4. Одберете стил за пребарување

5. Одберете тип на производ и пребарувајте од широката понуда од сите производители и салони во Македонија

6. Крирајте свој профил на Инстахом со едноставно внесување на вашите лични податоци

7. Одбраните производи се зачувуваат во вашата кошничка

8. Со еден клик можете да направите онлајн нарачка на сите одбрани производи од вашата кошничка, по што во рок од 48 часа секој производител/салон директно ќе ве исконтактираат за потврдување на сите детали околу начинот на плаќање и начинот на достава.

ЦЕНА НА ПРОИЗВОДИТЕ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените на производите се истакнати под секој производ изложен на платформата на ИНСТАХОМ, и истите се утврдени од страна на соработниците на платформата. Соработниците на Instahome го задржуваат своето право за утврдување на продажните цени, и ИНСТАХОМ ги истакнува истите цени како во салоните за продажба. Корисниците на ИНСТАХОМ може да добијат и дополнителен попуст на одредени производи, кој е истакнат под самиот производ или може да го пребараат преку опцијата “производи на акција”.

Начинот на плаќање се утврдува во договор со произведителот/понудувачот на избраниот производ или услуга, одкако корисникот ќе испрати онлајн нарачка за посакуваниот производ по условите препишани погоре.

НАЧИН НА ПРЕДАВАЊЕ/ПРИЕМ НА НАРАЧКАТА

Начинот на достава на производите се утврдува по пратената онлајн нарачка, и тоа директно со производителите/ понудувачите на селектираниот производ. Обврската и можностите за испорака, како и евентуалните трошоци поврзани со истата, не се во надлежност на Insthome. Но, нашите соработници се обврзуваат да вложат разумни напори да ги испорачаат производите во договорениот рок на испорака утврден по приемот на онлајн нарачката.

ВРАЌАЊЕ, РЕФУНДИРАЊЕ И ЗАМЕНА

Доколку нарачката е испорачана оштетена, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба веднаш да го информира директно производитеот/продавачот, како би преземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Сите договори во врска со враќање или замена на производи, како и побарувања за евентуални рефундирања на средства се прават директно со производителите/продавачите.

ВАШИ ГАРАНЦИИ

Вие ни гарантирате дека:

1. Вие сте правно способни за влегување во обврзувачки договори и имате целосно овластување, моќ и капацитет да се согласите со овие Услови за онлајн нарачување;

2. Информациите наведени во Вашата нарачка се точни и целосни; и

3. Вие ќе бидете во можност да ја примите испорака на производите и/или услугите.

Виша сила

„настан на виша сила“ значи:

1. секој настан кој е вон разумна контрола;

2. недостапноста на суровини, делови на производите; и/или

3. прекин на снабудувањето со електрична енергија, индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.

Кога заради виша сила нема да успееме да ги извршиме своите обврски во согласност со овие Услови за онлајн нарачување, таквите обврски ќе бидат одложени за времетраењето на настанот на виша сила.

Ние ќе преземеме разумни чекори за ублажување на последиците од кој било настан на виша сила.

ОГРАНИЧУВАЊА НА ОДГОВОРНОСТ

Ништо во овие услови на продажба нема да ја ограничи или исклучи Вашата или нашата одговорност за:

1. измама или лажно претставување или

2. било која состојба која е незаконски да се ограничи или исклучи или настојува да се ограничи или исклучи одговорноста.

ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИ

За било какви информации и прашања во врска со реализација на интернет нарачките можете да не искомуницирате 24/7 преку нашиот e-mail: info@instahome.team