СИВА БОЈА - ЛУКСУЗНА, ВПЕЧАТЛИВА И ОДЛИЧНА ЗА ЕНТЕРИЕР
Доколу решите да си го уредите просторот сами, но не сте сигурни за крајниот резулатат, тогаш имаме добра вест за вас - со сивата боја нема да погрешите. Оваа гама има многу добри перформанси за користење од светло-топли тонови па се до студени и темни. Со самиот факт што се добива со комбинирање на црна и бела боја како база и било кој друга боја за тон, ја прави специфична боја која нема пол, и одговара на сите возрасти и на сите делови од просторот за уредување. Кај оваа боја имаме скоро уникатна можност да ја користиме на големи површини, а сепак да ја користиме како основа за комбинирање на која ќе можеме да поставиме детали за потенцирање кои ќе можеме по желба да ги промениме. На пример, доколку цела дневна соба ни е во сиви тонови, деталите како завеси, перничиња и декоративни објекти ќе можеме да ги менуваме тематски според годишните времиња или некој значаен празник и така ќе добиеме дом кој секогаш ќе изгледа добро уреден, луксусен и трендовски. |
Како основа во уредувањето најчесто се мисли на оние објекти кои зафаќаат најголема површина, на пример во дневната соба тоа би било мекиот мебел како гарнитурата за седење, во спалната соба тоа би бил креветот и слично. Доколку овие објекти ви се во боја безбедна за комбинирање како сивата, тогаш се околку може да биде разиграно по ваш личен вкус и желба. Сивата боја и цела нејзина гама е одлична за комбинирање и со природни материјали како дрво, метал, камен, или барем со нивните имитации. Суштината на која нијанса на сива да ја користите е да најдете нијанса од природнот материјал која ке ја содржи истата нишка на боја и во сивата основа. |
Ваква комбинација на вашиот простор ќе остави впечаток на добро уреден и внимателно промислен проект, достоен за професионалец. Во просториите во кои не поминуваме многу голем дел од времето, а се фрекфентни како на промер холот, можеме да си дозволиме комбинирање на посмели бои, но само доколку се одделени од сите останати простории со врата. Додека ја планирате бојата за ѕидовите во холот, не заборавајте да помислите и на плафонот, кој не е задолжително да остане бел. Во овој простор можете да ја покажете вашата желба за декорирање и уникатност соодветсвено со сретсвата од буџетот предвиден за овој проект. Холот е првиот впечаток кој го имаат вашите гости за вас, па зошто целосно да не ги изненадите. | |||
Бидејќи станува збор за простор во кој не се престојува, интензитетот на декорирањето нема да ви пречи и да ви создава потешкотии, како кога би го направиле истиот чекор во дневната соба, или на пример во спалната соба. Таму не ги комплицирајте нештата и селеде го правилата на природата- од темново долна зона кон светлово горна зона како земјата и небото. |
За крај само ќе потенцираме дека доколку внимателно ја користите сивата боја го золемувате потенцијалот на вашиот простор до неговиот максимум. Сивата боја многу добро реагира со припродна светлина која се менува во текот на денот, па ќе можете да уживате во различните нијанси на истата боја. |