ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА ИЗБОР НА ГАРДЕРОБЕР

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ ЗА ИЗБОР НА ГАРДЕРОБЕР

Гардероберите и нивното планирање зависат од повеќе фактори, како просторот кој е предвиден за нивната местополжба, бројот на членовите кои ќе го користат и  нивните навики. Доколку станува збор за гардеробер што се наоѓа во спална соба, по претпоставка дека ќе го делат двајца членови од семејството, тогаш најпрактично решение е да биде се поделено  по симетрија. Според потребите може да се направи гардеробер кој точно ќе одговара на она што ви е замислено, само имајте во предвид дека за секое парче од вашата гардероба треба да смислите каде и како ќе го складирате. Алиштата на пример попрегледни се доколку сите висат на закачалка, и ќе останат испеглани додека стојат во гардероберот, затоа доколку имате можност направете си повеќе простор за закачување.
Credit:engineeringdiscoveries.com
Credit :home-designing.com
Credit:freepik.com

Што се однесува до материјалите од кои ќе биде изработен гардероберот, сите си имаат предности и недостатоци. Доколку вратите на гардероберот ги поставите од стакло добивате луксузен изглед, но од друга страна секогаш треба се во него да е најдобар ред за да се постигне ефектот на среден гардеробер. Стаклото ја штити вашата гардероба само од прашина, а за другото ќе треба да се погрижите сами.

Најчесто вратите на лизгање се практични затоа што не одземаат простор за отворање, па имате можност да ги комбинирате и во потесни простории. Што се однесува до висината на гардероберот најдобро е да се направи по мерка и до плафон со тоа што ќе добите простор во горна зона за скалдирање на гардеробата од сезоната која не е актуелна во моментот.

Длабочината на гардероберот препорачано е да биде не повеќе од 60см, за да ги собере закачалките, но доколку немате доволно простор за ваква длабочина тогаш можете да ги поставите закачалките во обратна насока. Значи варијантите и опциите се многу откога ќе ги решите фиксните работи како просторoт и финасиите.
Доколку имате простор за чување на обувки во гардероберот внимавајте да ги одделите со посебни врати бидејќи обувките може да содржат нечистотии и не би сакале да се измешаат со вашата гардероба. Најдобро е за нив да направите или посебно шкафче кое би било блиску до гардероберот, или пак да ги сместите во ходникот близу до влезот каде што ќе можете да имате брз пристап до нив на излегување. На гардероберот во ходникот препорачливо е да имате огледало за да го проверите вашиот изглед пред излегување, додека пак во спалната соба не се препорачува огледало. Ако имате простор за гардеробер во кој се влегува или попознат како walk in closetтогаш внатре во него можете да поставите огледало на внатрешната страна од вратите. Гардероберот со влегување треба да има и соодветен под како теписон на кој ќе можете да газите боси а да биде лесен за одржување, само имајте на ум бидејќи се е отворено во гардероберот треба почесто проветрување и чистење од прашина. И секако ова важи за сите гардеробери, обезбедете си соодветна заштита од молци. Осветлување во гардероберот треба да имитира дневна светлина за да можете најреално да си ги претставите боите.
Credit:behance.net