КУЈНА И КАКО ДА ЈА УРЕДИТЕ

КУЈНА И КАКО ДА ЈА УРЕДИТЕ

Местото каде се приготвува храната е едно од најважните места во секој простор, независно дали е тоа кујна во ресторан или во нашиот дом. Во секое уредување постои елементи на композиција - алатки, средства, принципи на компонирање, математика, редослед, боја, ритам, рамнотежа, единство и ред слични принципи на компонирање. Кога се почитуваат сите овие точки, заедно со правилно осветлување, на дадениот простор ќе се додаде максимална функционалност. 
Credit:thekitchn.comruemag.com
 

 

 

Што се однесува до стилот на кујната, најчесто треба да е во склоп со останатиот мебел и дел од просторот, но сепак ова се правила кои може да се заобиколат.Трендовите во моментов водат кон неокласицизам и традиционален стил кој изобилува со бои, па доколку сакате да ги следите трендовите сега е вистинско време да направите простор пријатен за сите, и кој без сомнение ќе се задржи подолго во вашиот дом без проблем.

Важно е да знаете дека скоро сите димензии можат да се прилагодат во кујната за да им одговара на нејзините корисници. Висината на работниот пулт може да се прилагоди според вашата висина и така нема да имате отежнувње при користење на просторот. 

Многу важна точка е и ергономијата, бидејќи кујната е простор каде што човекот се движи постојано. Треба да размислувате практично и да бидете реални со вашите очекувања и идеи. На пример во кујната препорачливо е точно да определите кои кујнски апарати ќе ги користите и да ги сместите по ред според нивната намена. Ладилникот треба да биде меѓу првите елементи на влезот, бидејќи кога ги носите намирниците треба да ги сместите веднаш по вашето влегување во кујната, и по овој принцип треба да ги сместите и другите елементи. 

Credit:stylebyemilyhenderson.com
 
Credit diamondatlowes.comhousebeautiful.com
Не е лоша идеја за овој дел од просторот за уредување да побарате и стручна помош каде што ќе увидите некои работи кои дизајнерите ги забележуваат веднаш, и возможно е некоја маана или недостаок на просторот да ја пренасочат во ваша полза. Нема многу општи правила кои би се примениле во сите кујни, бидејки станува збор за премногу различни простори за решавање. Но сепак, ако решите сами да ја уредите, тогаш направете детално истражување и не брзајте со одлуките кои ќе треба да ги донесете. Зависно и од буџетот  ќе треба да ја решите големинaта на кујната. Наша препорака е доколку имате доволно парични средства направете ја со висина на горните елементи до плафон.Така ќе си обезбедите доволно простор за складирање на се што не го користите во моментот.
Што се однесува до стилот на кујната, најчесто треба да е во склоп со останатиот мебел и дел од просторот, но сепак ова се правила кои може да се заобиколат.Трендовите во моментов водат кон неокласицизам и традиционален стил кој изобилува со бои, па доколку сакате да ги следите трендовите сега е вистинско време да направите простор пријатен за сите, и кој без сомнение ќе се задржи подолго во вашиот дом без проблем.