Како да ја уредите спалната соба
Главнaта цел на спалната соба е да ви овозможи пријатно место за релаксирање, опуштање и одмор. Има неколку правила кои ќе ви помогнат да создадете вистиска оаза на мир, а од вашата спална соба да ја претворите во сопствено катче во кое ќе можете да се повлечете и да се опуштите. |
Бидејќи креветот овде има главна функција, гледајте да биде што поголем, т.е. максимум колку што ви дозволува просторот. Доколку имате дилема за големината, секогаш одете на поголемата варијанта. Можеби на почеток ова ќе ви звучи претерано, или можеби имате навика да спиете на помал кревет, но штом еднаш го осетите бенефитот на голем кревет, нема да можете да се сетите како сте спиеле на помал. Исто така, душекот е ставка на која не треба да се штедат средства. Секако, при изборот треба да се водите од своите желби и вкусови, но висината и удобноста треба да бидат приоритет. Просторот под креветот е одлично место за складирање на работите што не ги користите секојдневно, како зимски прекривки во летен период, или сезонски реквизити. Затоа, доколку сте во можност, одберете кревет со механизам за складирање затоа што просторот за складирање секогаш е добредојден. |
Надглавјето е многу важен елемент кој секој кревет треба да го има. Можете да го монтирате дирекно за ѕидот или пак на креветот, но секако е потребно за подобро спиење и оренација. Без него се добива чувство на паѓање кое воопшто не е пријатно во сонот, и доаѓа до често будење кое може да резултира со замор како последица од недостаток на длабок сон. Се препорачува да биде направено од мек тапацир кој ќе придонесе и за мек изглед на спалната и за поудобно спиење - без ралика на стилот кој сте го избрале. Што се однесува до бојата, смирените земјени тонови се препорачуваат многу често, а амбиенталното осветлување може да придонесе за романтична атмосфера. Постојат препораки за користење на црвената боја и нејзината гама, но искуствата покажуваат дека овие тонови брзо им здосадуваат на сопствениците па им се појавува проблем кој подоцна треба да го решаваат со повторно менување на дизајнот на собата, кое само по себе е непотребен трошок. Но, секако, изборот на крај е само ваш, и секоја смела боја може да продонесе за поинтересен изглед на вашиот простор. Доколку сте се одлучиле за смела боја, секогаш ќе можете да купите прекривка во истата без да ја почуствувате оваа одлука на семејниот буџет доколку го промените понатаму. Нашата препорака е да го сторите токму тоа, па ќе можете сезоски да ја освежувате вашата спална соба, бидејки тоновите што ги имате на големите површини најчесто ќе ви служат како една основа за креирање на вашата приказна во овој простор. |
Друг момент на кој треба да се посвети посебно внимание е локацијата на огледалто во спалната соба. Правилото гласи дека треба да биде наместено така за кога ќе лежите на креветот и кога ќе станете во седечка положба да не можете да се видите во огледалото. Образложението е дека доколу случајно се разбудите може да се исплашите од вашата фигура во огледалот, бидејќо не очекувате да има некој друг во спалната соба. Сонливи, може за момент да го заборавите фактот дека има огледало. Но, тоа не значи дека воопшто не треба да има огледало, само треба да изберете добра локација.
|