КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ ДНЕВНАТА СВЕТЛИНА

КАКО ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ ДНЕВНАТА СВЕТЛИНА

Најефикасниот начин за да го промениме изгледот на некоја просторија е да ги промениме боите во неа. Но како да ги комбинираме боите, а да не ја нарушиме хармонијата меѓу нив?

Едно од најинтерсните работи што се појавуваат при уредување на нов дом е светлината која ја поседува просторот. Многу е важно да разбереме како да ја користиме светлината да биде секогаш во наша корист и со тоа да го достигнеме максималниот потенцијал на просторот. Многумина од нас не рамислуваат на тоа какви ефекти има светлината во нашиот простор додека го смислуваат ентериерот. Но светлината може да се покаже како еден од најважните елементи во уредувањето.

Најголемиот дел од времето го поминуваме во простории со вештачка светлина, па така често забораваме на дневната светлина која постојано се менува, и тоа не само во текот на денот туку и во текот на цела година, во зависност од годишните времиња. Но сите овие промени со сигурност влијаат на нашата перцепција кон боите во просторот и има неколку правила кои не би требало да ги занемариме додека го планираме ентериерот.

credit:mydomaine.com

Сите простории за постојан  престој треба да бидат осветлени со доволна дневна светлина. Правилно поставување на еден објект и неговите прозорци е кон сонцето за да се искористи неговато благородно дејство. Наесен, зиме и во утринските часови се препорачува сонцето да продира во сите простории. Од јуни до август, во претпладневните часови тоа не е случај. Правилната положба на објектот и соодветните архитектонски решенија секогаш треба да ги задоволат овие потреби.

Но, овие правила многу често се заобиколени и останува да се прилагоди ентериерот според состојбата на секој простор поединечно. Главна цел е да се внесе што повеќе светлина во просторот. Доколку, на пример, ходникот ви е многу темен размислете за поставување на стаклена провидна или матирана врата од дневната соба за да добиете природна светлина во текот на денот.

Доколку ви недостасува дневна сватлина во просторијата за дневен престој, тогаш се препорачува да се користат бои кои ќе ја засилат дневната светлина што веќе ја имате. Тоа се боите од светлата топла гама како кремавите нијанси, топлите благо виолетови и црвените загушени тонови.

 

 

Credit:westelm.com
Credit:thesavvyheart.com
Бојата за истакнување, може да варира во зависност од вашиот вкус, но секако треба да е со голем контраст и да биде во смела боја која вам ви се допаѓа. Доколку ја има во умерена количина, ризикот за грешка е многу мал. Најбезбедно би било да биде тоа едно парче мебел и неколку детали, но не повеќе.

Со сигурност  нема да погрешите со светла основа како бела, шампањ, капучино и за контраст смела сина. Ќе добиете луксузен изглед без голем ризик, а со многу големи придобивки. Просторот ќе изгледа професионално среден, комфорен и пријатен за престој.

Што се однесува на спалната соба, тука работите се малку поинакви. Бидејки во оваа соба најчесто престојуваме за одмор и релаксирање треба да има утринска светлина за полесно будење на целиот организам, а доколку тоа лично не е ваш приоритет секогаш може да се корегира со завеси и ролетни. Завесите даваат топол и пријатен комфор кој не би требало да го изоставиме, а ролетните служат за дополнително затемнување по потреба.

Credit:hausporta.com
Credit:alterhaus.ua
Во спалната соба се препорачува основната гама да е посмирена во средно темни тонови за да можете побрзо да се опуштите,  да ги смирите сетилата и да се одморите. Но, бојата за истакнување секако може да ја задржите и многу лесно да ја искомбинирате со топли сиви нијанси.