Едноставни правила за користење на боите

Едноставни правила за користење на боите

Пошироката употреба на боите во  домашниот ентериер  започнува после Втората светска војна. Особено во Еропа по воените години, боја во домот означува вистински луксуз. Во овој период се појавуваат многу теории за тоа кои бои треба да се комбинираат. Боите се добра основа врз која ги градиме идеите за решение на ентериерот во домот, но при изборот на толку многу бои, техники на нивно користење и различни површини каде што можат да се употребат, може да се случи да направиме грешка доколку не ги знаеме основните правила за нивно користење.
 
  • Сите црвени бои се комбинираат добро меѓу себе,како и сите розево тонови. Некои нијанси на црвено и розево, комбинирани заедно можат да бидат фантастичен избор во дневна соба, или во пастелни тонови лесно можат да се употребат во спалната соба со акцент на флорални и растителни мотиви.
credit OROA - Eichholtz Furniture
credit  The Nordroom
  • Меките портокалови тонови се исклучително топли, но темното портокалово треба да биде користено со внимание, и во помали дози.
  • Кафените тонови изгледаат прекрасно комбинирани со портокаловото. Тиркизните нијанси и ладните сиви тонови исто така се одлични за комбинација како дополнителни бои кон портокаловата.
Credit  delightfull.eu
 credit Homegirl London
Жолтите тонови се комбинираат со зелените и со портокаловите тонови. Дополнителните бои можат да се појават како декоратвини елементи, растенија или било каков друг елемент кој ќе превземе дел од акцентот на просторијата каде што доминира жолтата боја. Со класичната комбинација на жолта и сина  каде што жолтата боја нема доминантна улога, туку служи како дополкителна боја се создава многу весела и свежа просторија.
  • Зелената боја и нејзините тонови често се употебува како неутрална боја за да се постигнe баланс во просторијата, бидејки некои нијасни на зелената се комбинираат со сите други често користени бои во ентериерот. Зелената боја асоцира на природа, па доколку сакате да венесете мала оаза во вашиот дом оваа е бојата за вас. Растенија со големи зелени листови се секогаш добредојдени во домот, посебно во просториите како што се поминува поголем дел од денот. Оваа комбинација е идеална за домово во големи станбени објекти каде што достапноста на паркови е проретчена
credit Poster Store
Credit rejuvenation.com
  • Сите сини и зелени тонови се комбинираат едни со други. Нијансите на сите сини бои се фантастичен смел избор кој никој нема да го остави рамнодушен, незавсно од интезитетот. Оваа боја е преферирани од многу дизајнери за да се постигне уникатен и впечатлив изглед на просторот. Ќе ве натера да излезете од вашата комфорт зона и да се подготвите на нови доживувања, сепак доколку не сте комплетно сигурни за итезитетот и застеапеноста на оваа боја во вашиот простор, одете полека. Може да декорирате со неа и секогаш во близина да се појави и зелен декор кој ќе ја неутрализира сината и ќе го смири погледот.
  • Нијансите на виолетовата боја се комбинираат добро помеѓу нив  но, за многу луѓе се доста депресивни. Виолетовите нијанси се комбинираат добро и со зелените нијанси како неутрални, потоа со синовиолетовите, со ладните сини нијанси, додека па црвенкаво виолетовите како потопла варијанти си одговараат добро со розевите нјинси.
Credit Boca do Lobo
credit etsy.com
  • И за крај комбинацијата на најпопуларните тонови меѓу сивите  нијанси и топлите неутрални тонови кои се многу често користени бидејќи се идеалени мирни  и спокојни нијанси кои не пречат во самото располошение на домот а даваат нота на луксуз. Оваа безбојна палета била популарна во минатото, но се користи и денес. Секој боја би можела да се комбира со овие нијаси за да се добие неочекуван прекрасен ентериер. Најчесто служат како база за изразување на идивидуалноста на просторот каде што често ќе можат да се менуваат боите за потенцирање.