Дизајнерите на ентериер ги споделија трендовите што треба да ги знаеме за 2023 година

Дизајнерите на ентериер ги споделија трендовите што треба да ги знаеме за 2023 година

Секоја година ја започнуваме со нови предизвици, поставуваме нови цели и бираме тактики за нивно постигнување. Сите вљубеници во внатрешниот дизајн, знаат дека овој тек не е исклучок и кога станува збор за уредувањето и разубавувањето на просториите во кои живееме, каде што го поминуваме работното време или едноставно сакаме да се опуштиме и релаксираме. Инстахом ви ги пренесува стручните мислења на светските дизајнери на ентериер за 2023 година. Но, истовремено, анализираме колку се далеку или блиску овие трендови од ентузијастите на уредување во Македонија. 

Криви и заоблени форми

„Ќе видиме отстапување од модерните линии на модерен мебел од средината на векот. Заоблениот мебел ги враќа чувствата на мекост и преоден дизајн“. -Хана Сети, дизајн на домови и блогерка на Hana’s Happy Home.

„Дефинитивно се оддалечуваме од квадратните и остри рабови, и повторно ќе одиме на помек и заоблен изглед. Со заоблени врати и тркалезни огледала, омекнувањето на просторот и неговиот декор е нешто што повеќе луѓе го гледаат“. -Мајк Семеген, сопственик и проект менаџер во Hello Home Studios

  https://www.behance.net

 

Аголна гарнитура Мишелин (instahome.team)

 

Стол Аурора (instahome.team)
Фотеља Каро (instahome.team)
Tura (instahome.team)

 

Дрво и природни елементи

„Употребата на природни материјали ќе продолжи да владее, бидејќи одржливоста и еколошката свест стануваат сè поважни. Сепак, ќе видиме помалку меки, туку повеќе текстурирани, потемни видови. -Кристина Филипс, основач на Кристина Филипс внатрешен дизајн.

„Вградувањето на природни елементи низ домот станува сè помодерно. Сакам на моите клиенти да им ја презентирам идејата за акцентен ѕид обложен со дрво. Можеби вашиот телевизор е поставен на врвот, или можеби акцентот на дрвото е околу каминот. Дрвото е толку забавен начин за додавање уникатност и длабочина, а бидејќи е со неутрална боја, никогаш нема да се изморите од него!“ -Михал Рубин, главен дизајнер и сопственик на MR Interiors.

 

Трпезариска маса Вега (instahome.team)
CARA (instahome.team)
ТК Термо (instahome.team)

 

Source: www.greendesigngallery.com

 

Весели вибрации

„Ќе има наклонетост кон потопли бои за порасположени простории кои се нагласени преку богати бои и текстури. -Lindye Galloway, основач и главен креативен директор во Lindye Galloway Design Studio.

Source: www.realhomes.com

„Темните ѕидови ќе продолжат да бидат популарни, но не само во црна боја, како што видовме во последните неколку години. Спротивно на популарното верување, темните ѕидови *не* прават собата да се чувствува помала, туку додава повеќе удобност и расположена атмосфера... Темните ѕидови ќе бидат споени со преголеми обрасци на тапети како драматични цвеќиња“. -Хана Сети, дизајн на домови и блогерка на Hana’s Happy Home.

„Неодамна се појавија темни палети и тука се да останат. Иако дизајнерите гравитираат кон неутрални палети за да донесат спокојство и смиреност во просторот, темните нијанси можат да имаат исто толку пријатен ефект. Особено во просторите посветени на одмор или живеење, нерасположените бои можат да ѝ дадат на собата чувство како на кожурец“. -Ли Спајчер, дизајнер на ентериер и национален директор на дизајнерски студиа за Ештон Вудс.

 

W 120 autorie (instahome.team)
Каталог MENAGERIE OF EXTRINCT - ARTE MOOOI (instahome.team)
P801 C (instahome.team)

 

Ова е само мал дел од дизајнерските совети што Инстахом ги одвои за вас. Со радост можеме да забележиме дека понудите од нашите партнери се во тек со најновите дизајнерски трендови. Компаниите на палтформата на Инстахом од Македонија покрај високиот квалитет секогаш можат да ви понудат и врвно дизајнерско уживање. Па... препуштете се на  уживање!