ДЕТСКА СОБА КОЈА РАСТЕ СО ДЕТЕТО

ДЕТСКА СОБА КОЈА РАСТЕ СО ДЕТЕТО

Дојдовте до проектот уредување на детска соба, но не знаете од каде да почнете?

Како прв чекор секогаш треба да ви биде одредување на вашиот финансиски лимит, или која е онаа сума што сакате да ја потрошите на овој проект. Главниот проблем е колку пари ви се потребни за уредување?

На ова прашање нема точен одговор, едноставно почнете од самиот старт:

Направете си список што сакате да има собата, и направете истражување на пазарот за мебел. Така ќе добите реална слика за вашите очекување и за вашите можности. Доколку имате онлајн пристап до севкупниот пазар за мебел и декор, овој процес ќе биде значително полесен. 

Почнете од големите парчиња и пробајте да ги сместите прво нив. Креветот се препорачува да е колку може поголем бидејќи детето наскоро ќе биде тинејџер и ќе ви биде многу благодарно за оваа одлука. Доколку има опција да има место за складирање под креветот не ја пропуштајте таа можност, ова е одличен простор за чување на зимските прекривки во лето или пак други сезонски реквизити. Латофлексот му овозможува на душекот соодветно да се климатизира па затоа би било добра одлука да го изберете како приоритетно решение, но доколку се решите за поставување на плоча, тогаш само побарајте да ви направат дупки за истата намена. Материјалот на рамките на креветот е препорачано да биде сунѓер обложен со штоф, но бидете внимателни со бојата на истиот, важно е да се задржите со неутрални смирени тонови како палетата на сивата или кремавата боја. Овие бои ќе можат да го издржат тестот на дете кое расте и се менува постојано, оваа боја ќе биде основа за сите декорации кои се лесно променливи.

Credit:danthree.com
Кога ја имате основата во неутрална боја, тогаш декорот и ѕидовите може да бидат какви сакате. Бидејќи за некое време секако ќе треба да ја освежите собата со молерисување па тогаш ќе може вашиот тинејџер да ви ги даде насоките. Доколку сакате собата да добие машки или женски изглед користете ги деталите за тоа, бидете сигурни дека нема да биде нешто што се вградува во собата, и е потешко за промена.
Credit:circu.net
Credit:lifetise.com

Кога ќе дојде на ред за декорирање на ѕидовите тука едноставно немате ограничување. Многу интересен детал е и боење на ѕдиот со боја на која може да се црта со креда, ова е вистинска авнатура за вашите деца и доста креативна занимација за перидот кој се поминува во собата.

Има некои работи кои треба да ги знаете пред да поставите ваков ѕид во вашиот дом. Ви треба убава подготовка на ѕидот дури и ако ѕидот ви изгледа сосема без тексура, потоа треба во близина да поставите маса или полица на која ќе стојат кредите и сунѓерчињата за полесно користење. И најважно е да го земете во предвид фактот дека кредата ќе создава прашина која ќе заврши на подот. Доколку ова не ви пречи тогаш ве чека многу забава, за која децата со сигурност ќе ви бидат многу благодарни. Местоположбата на овој ѕид најдобро е да е одалечен од креветот заради хигиенски причини, и секако треба редовно оддржување. Важно е да се подготвите за многу забава и креативни проекти со вашите деца кои може да се менуваат со растењето на детето.

Credit: boligpluss.no