ДЕКОРАТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ – ИНСПИРАЦИЈА И СОВЕТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА
Сите што прв пат уредуваат сопствен простор често стигнуваат до една фаза во уредувањето каде почнуваат да им се создаваат дилеми како да продолжат понатаму. Замислете го сценариото каде што ви пристигнал мебелот, се ви е средено, се е како што сте порачале, но сепак нешто ви недостасува? И никако не можете да се решите што е тоа? Одговорот на ова прашање е декорација на тема! Што е декорација на тема? Тоа е оној дел од вашиот простор кој ќе ве рефлектира вас и е место каде вие ќе треба да оставите личен печат. Дури и во стиловите каде што декорациите се употребуваат на минимум, како минимализам на пример, сепак постојат и се охрабруваат корисниците да ги користат на свој начин. Најважно е да си изберете тема за декор, дали тоа ќе бидат годишните времиња, па сезонски ќе го менувате декорот, или нешто сосема лично што ве потсетува на некое место или време. Изборот е ваш. Наша задача е да ви помогнеме да го вклопите декорот во уредувањето на просторот. Значењето на декорот најлесно се гледа во скандинавскиот стил на уредување каде е добро препознатлив и е лесен за пресликување со скоро секаков тип на простор. |
Доколку станува збор за дневна соба на декорот треба да му се обрне посебно винмание. За да избегнете пренатрупаност купувајте големи декоративни парчиња кои ќе помогнат да го проширите просторот. Како на пример огледало во комбинација со бифе. За да бидете сигурни дека нема да претерате ,следете го правилото 1+3 или еден централен декор кој е главното парче во просторијата и три помошни околу него кои или го истакнуваат уште повеќе (доколку се во контрасна боја) или му го омекнуваат влијанието во дневната соба (доколку се во иста гама декорациите). |
Декорот кога се користи во тотален контраст од мебелот дава впечатлив и драматичен изглед кој треба да се задржи само на две контрастни бои за да се избегне преоптоварување на сетилата на оние кои ќе престојуваат во просторот. Оваа комбинација е препорачлива во места каде што има движење на луѓе, но кои не се задржуваат долго. Слободно изберете го овој декор за вашата канцеларија, ходник, гостинска соба или вила. Доколку станува збор за просторија во која ќе има подолг престој тогаш декорот гледајте да биде од иста гама со тоа што можете акцентот за експериментирање да го поставите на ѕидовите. За било какво решение и да се работи ( тапет, ефект, темна боја) секогаш од четирите ѕида напревете само еден, може да биде и централниот ѕид (тв ѕид), но ова е важно правило кое ако го почитувате ќе го осетите бенефитот после неколку дена престој во таа просторија. |
Не заборавајте го и осветлувањето, тоа е декор на кој не се обрнува доволно внимание.За оваа точка важно е да користите лед светло што имитира дневна топла светлина и доклку имате потешкотии при изборот на светла тогаш купете ги сите од истата колекција. Повеќето од производителите имаат програма за тоа кое светло каде треба да стои и колку светлина е потребна за неговото место. Верувајте на овие препораки зашто самото осветлување во домот е проблем од стручен карактер. |